Харизматичната Ерин Хедертон е новото рекламно лице на „Blanco“. Убавиот ангел на „Victoria’s Secret“ позира во модели од есенската колекција на шпанскиот бренд.
Забавните комбинации се одлична најава за трендовите кои ќе бидат актуелни во претстојната ладна сезона.
На фотографиите за кампањата, Ерин, која е во врска со Леонардо Дикаприо, покажува секси и шик изглед со крваво црвен кармин на усните и лежерна брановидна фризура.
Погледнете и видео од снимањето на кампањата: