Жешките денови остануваат зад нас и малку по малку ќе бидеме принудени да ја менуваме гардеробата. Шпанскиот бренд Blanco и оваа сезона нуди интересни модни предлози кои ќе нè инспирираат да си поиграме со боите.
Иако како по правило есента носи темни бои и угаснати нијанси, Blanco го задржува веселиот дух и предлага разиграни креации во живи бои. Колекцијата е исклучително разнообразна и поразлична од она што сме навикнати да го гледаме како есенска облека. Во секоја комбинација има и доза елеганција и доза лежерност, што ја прави уште попримамлива.
За да биде сè комплетно, германскиот модел Тони Гарн им дава уште повеќе енергија на и така динамичните комбинации.