Синоќа, по 48-ми пат беа доделени Американските музички награди. На манифестацијата во Лос Анџелес, беа наградени музичките ѕвезди кои се истакнаа во годината која изминува.
Тејлор Свифт беше прогласена за Изведувач на годината и Омилен женски поп/рок изведувач, а доби и наградата за Омилено музичко видео за „Cardigan“. Наградата за Омилен машки поп/рок изведувач заврши во рацете на Џастин Бибер, а за Најдобар нов изведувач беше избрана Доџа Кет.
The Weeknd прими три награди - Oмилен соул/ Р&Б изведувач, Омилена соул/ Р&Б песна за „Heartless“ и Омилен соул/ Р&Б албум за „After Hour“.
Погледнете како изгледаа гостите на црниот тепих на церемонијата и оценете го нивниот стил: