Дајана Рос беше почестена со наградата за животно дело на Американските музички награди. Легендарната пејачка се појави на настанот во ексцентрична црна креација од Вивиен Вествуд.
На црвениот тепих, 73-годишната ѕвезда позираше со своите ќерки Ронда (46), Трејси Елис (45) и Чадни (42), синовите Рос (30) и Еван (29), како и нивните партнерки и дечиња.
Престижната награда ѝ ја врачи големото семејство, кое со широки насмевки го проследи нејзиниот краток говор.
Congrats to @DianaRoss on winning the lifetime achievement award tonight at the AMAs. #AMAs #DianaRoss #MsROSSxAMAs #AmericanMusicAwards pic.twitter.com/jVFe6huMaO
— OfficialWilly2.0 (@therealwill17) November 20, 2017
На сцената таа отпеа неколку од нејзините најголеми хитови „I’m Coming Out, „Take Me Higher“, „Ease On Down The Road“, „Best Years of My Life“ и „Ain’t No Mountain High Enough“. Околу неа танцуваа нејзините внучиња.
AINT NO MOUNTAIN HIGH ENOUGH!!!
— Mariah Honey (@ButterflyHoney) November 20, 2017
After that PERFORMANCE—We are all dancing like Ryan!! (@DianaRoss grandson)
ICONIC!! #DianaRoss #DianaXAMAs#AMAs pic.twitter.com/gq3qRxkuvs
#DianaRoss is still class personified #AMAs pic.twitter.com/nMVUCVfbhA
— Tracee California (@TraceeCali4nia) November 20, 2017