Ниту доделувањето на Златен глобус, ниту Оскарите не успеаја на црвениот тепих да донесат толку добра модна парада како што тоа го направи балот во популарниот музеј на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
За разлика од манифестациите за филмските награди, кои настојуваат да се ориентирани кон филмската уметност, овој настан целосно се врти околу модата.
Гала вечерта традиционално се одржува секоја година, а овојпат е во чест на починатиот дизајнер Александар МекКвин. Темата на балот е „Alexander McQueen: Savage Beauty“.
Големите ѕвезди на Холивуд блеснаа со својот стил и убавина. Сепак, како и секогаш, имаше и некои кои измамија повеќе негативни отколку позитивни коментари.