Амал Клуни беше домаќинка на овогодишниот бал МЕТ, заедно со Ријана, Донатела Версаче и Ана Винтур.
За настанот на тема „Heavenly Bodies: Fashion and the Catholic Imagination“, шармантната сопруга на Џорџ Клуни избра металик корсет со долга цветна опашка и панталони од Ричард Квин, кои ги комплетираше со салонки од Кристијан Лобутин и накит од Лорејн Шварц.
40-годишната адвокатка со широка насмевка позираше покрај 57-годишниот актер, со кого е во брак од септември 2014 година.