Блејк Лајвли со ефектна креација и мал стилски перформанс остави силен впечаток на Мет галата која синоќа се одржа во Њујорк.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ пристигна на свеченоста со сопругот Рајан Рејнолдс во раскошна креација од Версаче.
Впечатливиот фустан, инспириран од Статуата на Слободата, беше декориран со голема панделка, а освен тијара и високи сатенски ракавици, Лајвли носеше и накит од Лорејн Шварц и обувки од Кристијан Лобутин.
Штом стигна до центарот на скалилата пред музејот „Метрополитен“, Блејк со помош на тројца асистенти го промени изгледот. Со одврзување на големата панделка, фустанот беше трансформиран пред очите на присутните и придоби тиркизни нијанси кои ја симболизираат оксидацијата на популарната статуа.
Погледнете ја трансформацијата:
Blake Lively’s dress is unveiled at the #MetGala. https://t.co/2kVWwK9Yn6 pic.twitter.com/Vo4XCydMRt
— Variety (@Variety) May 2, 2022
Блејк и Рајан заедно со Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда годинава им се придружија на Ана Винтур и Том Форд во улога на домаќини на галата.