Синоќа во Њујорк се одржа галата Time 100, организирана во чест на стоте највлијателни личности за 2013, избрани од списанието Time.
Меѓу присутните беа Џесика Бил и нејзиниот сопруг Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера, Клер Дејнс, Мариса Мејер и Аријана Хафингтон.
Џесика Бил се појави во црн фустан на Том Форд, Кристина Агилера носеше тесен долг фустан на Викторија Бекам, Оливија Мун се истакна со жолта креација на Мајкл Корс, а Клер Дејнс шармираше со шарен фустан на Ланвин.