Соработката на Меган Фокс со Армани се проширува. 24-годишната актерка стана заштитно лице на парфемите Armani Codе.
Веќе се објавени првите фотографии од рекламната кампања која ќе биде лансирана до крајот на март. Рекламата раскажува интересна приказна за маж и жена кои бараат нешто што не можат да го идентификуваат.
На фотографиите Меган е со црна коса и замазнета боб фризура во друштво на згоден модел во смокинг. На една од фотографиите двајцата се наоѓаат до базен, моделот стои гол пред Меган, а таа гледа на другата страна.
Фотографиите биле направени во луксузна вила со прекрасна глетка кон Лос Анџелес.