Луисана Лопилато ја покажа својата сексапилна фигура во нова кампања на брендот за долна облека Ultimo. 24-годишната аргентинска актерка позира заводливо во неколку секси комплети.
„Вистинската долна облека ве прави да се чувствувате самоуверено, комфорно и секси“ – вели Лопилато.
Убавата актерка, позната кај нас по улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“, стана заштитно лице на брендот откако сопственикот видел фотографии од нејзината свадба со пејачот Мајкл Бубле.