Криси Тиген беше гостинка на вечерата на H&M во Лос Анџелес, организирана по повод лансирањето на шестата колекција од еко линијата на познатиот шведски бренд.
Сосем разбирливо, 30-годишниот модел се појави во креација од еколошката колекција „Conscious Exclusive“, која се состои од модни парчиња изработени од материјали како органски памук, коноп, рециклирана волна и органска кожа, со цел помало загадување на животната средина.
Во својот стајлинг, славната сопруга на Џон Леџенд додаде сандали и чантичка од Jimmy Choo и накит од EFFY.
Забавата беше организирана од моделот Наталија Водјанова, која е новото заштитно лице на колекцијата.