Кети Пери изгледа нереално убаво на фотографиите за рекламната кампања за брендот ghd. 26-годишната пејачка позираше пред објективот на популарниот Дејвид Лашапел за да ја промовира новата лимитирана колекција на британскиот бренд за продукти за коса.
На фотографиите Кети е покажана во три различни стила од три различни ери: од 50-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век. И соодветно, нејзината коса е прилагодена на секој од тие стилови.
„Кети е симбол на современата мода и стајлинг. Дрска, со стил и секси, Кети е совршениот партнер на ghd“ – со овие зборови Пол Стоунхем објаснил зошто се одлучиле да соработуваат со популарната пејачка.
И Кети не го сокри своето воодушевување од соработката: „Многу сум возбудена што ќе работам со ghd, особено што ќе ги користам нивните продукти на мојата турнеја California Dreams“.