Ирина Шајк ја продолжува соработката со Madeleine. 27-годишната Русинка повторно позираше за германскиот моден бренд.
На фотографиите од каталогот на компанијата убавата девојка на Кристијано Роналдо е облечена во модели од модната линија „Бизнис“ од колекцијата пролет/лето 2013.
Иако сме навикнати да ја гледаме Ирина во долна облека или костими за капење, не може да се негира дека таа изгледа особено привлечно и во дамски костуми, сукњи тип молив и тесни едноставни фустани.