Ирина Шајк е ѕвездата од декемвриското издание на „Harper’s Bazaar“ Шпанија. Привлечната Русинка позираше во зимски креации од врвни модни куќи за новиот едиторијал на модното списание.
Норман Џин Рој ги потпишува фотографиите од новата стилска приказна.
Ирина постојано е под лупата на папараците, особено по објавувањето на врската со Бредли Купер. Славниот пар беше фотографиран во Њујорк.