Иванка Трамп го придружуваше својот татко Доналд Трамп на официјална посета на Тампа, Флорида.
По тој повод, 36-годишната „прва ќерка на САД“ избра женски костум во моќна црвена боја. Својот моден избор, Иванка го надополни со црвени салонки.
Шармантната дама чекореше со својот брат Ерик и Бетси Девос, министерката за образование на САД.
Иванка и Ерик беа фотографирани и кога пристигнаа на тревникот во Белата куќа.