Данијела Мартиновиќ остави силен моден впечаток во новото издание на шоуто „Zvijezde pjevaju“.
Како членка на жирито, 51-годишната хрватска пејачка изгледаше гламурозно во две креации.
Нејзиниот прв стајлинг се состоеше од зелен фустан со шлиц од брендот Zalando, бисерен накит и темносини салонки.
Во следната епизода, Данијела се појави во светкав црн фустан. Овој моден избор, стилистката на талентираната пејачка го искомбинира со кожени ракавици и синџирче на половината.