Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Дамите кои избраа креации на Зухаир Мурад за оскаровските забави

ФОТО: Дамите кои избраа креации на Зухаир Мурад за оскаровските забави

Зухаир Мурад за првпат придоби толку многу ѕвезди за време на оскаровските свечености. Либанскиот дизајнер со гламурозни креации намами повеќе дами и остави впечатлив печат на холивудската церемонија и традиционалната постоскаровска забава на Vanity Fair.

Џенифер Лопез ја соблече волуменозната креација на Ели Сааб со која чекореше на црвениот тепих на Оскар и за гламурозната забава на списанието Vanity Fair облече проѕирна блескава креација од високата мода на Зухаир Мурад.

Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад

Џена Деван-Тејтум ја покажа својата наклонетост кон Мурад, носејќи негови фустани и на церемонијата Оскар и на свечената забава.

Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад

Софија Вергара заведуваше на прославата на Vanity Fair во син фустан од колекцијата пролет/лето 2015 на Мурад. Атрактивната актерката позираше пред фото-репортерите со својот свршеник Џо Манганиело.

Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад

Дита Вон Тис беше гостинка на забавата на Елтон Џон. Таканаречената „кралица на бурлеската“ носеше црн фустан од Зухаир Мурад.

Дами во креации на Зухаир Мурад

Лили Колинс ја покажа својата нова фризура на забавата на VF во црна мрежеста креација од колекцијата есен/зима на Мурад.

Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад

77-годишната Џејн Фонда блесна во комбинезон од високата мода на Мурад за сезоната пролет/лето 2015.

Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад

Манекенката Шанел Иман шармираше во бежова провидна креација од талентираниот дизајнер.

Дами во креации на Зухаир Мурад

На црвениот тепих на Оскар, во креација на Мурад беше облечена и сопругата на Џон Леџенд, Криси Тиген.

Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад Дами во креации на Зухаир Мурад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.