Почетна » Новости » Мода » Џеј Ло, Софија Вергара, Алесандра Амбросио... Славни лица со поддршка на хуманитарната акција на Зухаир Мурад за Бејрут

Џеј Ло, Софија Вергара, Алесандра Амбросио... Славни лица со поддршка на хуманитарната акција на Зухаир Мурад за Бејрут

По страотната експлозија во Бејрут, во која беше разрушено и неговото ателје, Зухаир Мурад организираше хуманитарна кампања за потпомагање на настраданите.

Неговите клиентки веднаш се вклучија во акцијата за собирање на средства за хуманитарната организација „Offrejoie“.

Џенифер Лопез, Алесандра Амбросио, Софија Вергара, Кортни Кокс, Кортни Кардашијан, Оливија Кулпо, Ана Дело Русо и Шанина Шајк се меѓу ѕвездите кои ги облекоа маичките дизајнирани од Мурад со порака „Rise From The Ashes“ (Издигни се од пепелта).

Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад

Сите средства од продажбата на маичките ќе бидат искористени за помагање на илјадниците настрадани во главниот град на Либан.

И самиот Мурад објави фотографија на која ја носи маицата и порача: „Заедно ќе се #ИздигнемеОдПепелта (#RiseFromTheAshes). Придружете ми се во помагањето на луѓето од Бејрут кои изгубија толку многу за време на оваа ужасна трагедија.“

Кампања на Зухаир Мурад

Зградата во која беа сместени ателјето и канцелариите на Зухаир беше значително оштетена од силната експлозија. Никој од неговиот тим не беше сериозно повреден.

Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад Кампања на Зухаир Мурад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.