Ана Ивановиќ беше гостинка на шоуто на мраз на брендот Intimissimi во Верона. На црвениот тепих во прекрасниот италијански град, 28-годишната српска тенисерка зачекори во комбинезон од актуелната есенска колекција на Зухаир Мурад.
Креацијата со впечатлив горен дел, успешната сопруга на Бастијан Швајнштајгер ја искомбинира со чантичка од дизајнерката Пола Кадемартори и црни сандали.
На свеченоста присуствуваше и Ирина Шајк. 30-годишната Русинка се појави во проѕирна креација со длабоко деколте од колекцијата есен 2016 на Александар Воте.