Амал Клуни заблеска на доделувањето на британските модни награди, кое синоќа се одржа во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон.
За свеченоста, 45-годишната адвокатка избра креација од Версаче украсена со металик детали кои светкаа и создаваа омбре ефект.

На црвениот тепих, сопругата на Џорџ Клуни позираше со мајка си Барија Аламудин и омилената мејкап артистка Шарлот Тилбури.









Претходниот ден, Амал го придружуваше Џорџ на премиерата на „Boys In the Boat“ во Лондон.



