Ангелите наскоро ќе ги видиме во ново светло на претстојното шоу на Victoria’s Secret. Меѓу нив со сигурност ќе бидат Адријана Лима и Алесандра Амбросио, кои повеќе од десет години се дел од гламурозните ревии на познатиот бренд.
Амбросио сподели фотографија од дружбата со Лима на својата прва ревија за VS во 2000 г. Додека 18-годишната Адријана е лесно препознатлива на фотографијата, 19-годишната Алесандра изгледа многу поразлично.
Адријана, ангелот со најдолг стаж, интензивно се подготвува за шоуто. Привлечната Бразилка објави фотографија на која го покажува својот природен изглед по напорен тренинг.
Лима беше фотографирана во Њујорк, каде престојува поради подготовките за големото шоу кое ќе се снима следната недела.
Ревиите на VS денес изгледаат многу погламурозно отколку пред 13 години. Погледнете ја ревијата од 2000 г.: