Освен што Адел освојува со својот глас кој допира до срцата на сите кои ќе го чујат, таа плени и со својата убавина. Ако досега не сте ја сакале Адел, многу веројатно е дека новите фотографии за модната библија „Вог“ ќе ве принудат да развиете симпатии кон неа.
На фотографиите направени од дуото Мерт и Маркус, Адел изгледа божествено убаво. Со крупните очи, порцеланската кожа на лицето и полните усни, Адел изгледа како од бајка.
Во интервјуто за „Вог“, Адел призна дека ѝ било особено тешко поради проблемите со гласот. „Знаев дека гласот ми е во неволја и очигледно плачев многу. Но, плачењето исто така е навистина лошо за гласните жици!“ – изјавила таа. Прекрасната 23-годишна пејачка признала и дека во тоа време најмногу ја повредувало преувеличувањето на проблемите од страна на медиумите, кои пишуваа дека е можно Адел да има рак на грлото.
Адел го напишала својот мега популарен албум „21“ за пропадната врска, но сега може да се пофали дека повторно е среќна на љубовен план. Таа е во врска со 14 години повозрасниот Сajмон Конеки. „Тој е прекрасен. Горд е со мене, но не му е грижа што правам и што мислат другите луѓе. Се грижи за мене. Мислам дека немаше да поминам низ закрепнувањето од операцијата ако не беше тој“ – изјавила Адел.
По објавувањето на новите фотографии, Карл Лагерфелд сигурно уште посилно ќе посака никогаш да не искоментираше дека Адел е предебела.