Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Љубовни моменти: Адел сподели фотографии со саканиот и објави дека живеат заедно

Љубовни моменти: Адел сподели фотографии со саканиот и објави дека живеат заедно

Адел е многу заштитнички настроена кога станува збор за приватниот живот, но одвреме-навреме им дозволува на фановите да ѕирнат во него.

Музичката дива сподели љубовни фотографии со нејзиниот сакан Рич Пол. На првата фотографија, двајцата стојат пред голема куќа и во рацете држат клучеви, со што ги потврдија гласините дека купиле имот и дека живеат заедно.

Адел Адел

„Времето лета“ – пишува во описот на мини-албумот на популарната пејачка.

Една од фотографиите прикажува изненадување кое Адел го доби за Св. Валентин. Имено, 40-годишниот спортски агент креираше ресторан за брза храна во кој секој бургер беше именуван по албум на Адел.

Адел Адел Адел Адел Адел

Адел пред неколку дена го прослави 34-титот роденден и го одбележа со споделување на две фотографии и пораката „Никогаш не сум била посреќна. Толку многу лекции, толку многу благослови за кои сум благодарна. Вака изгледа 34 и ми се допаѓа тука.“

Адел Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.