Туба Бујукустун заведуваше на Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“ во Џеда, Саудиска Арабија.
42-годишната турска актерка, позната по улогите во „Аси“ и „Ќерката на амбасадорот“, остави силен впечаток во креација во шампањ нијанса. Тоалетата со школки извезени во делот на вратот е од пролетната колекција за 2025 година на Зухаир Мурад.
Туба е дел од стручното жири на фестивалот, кој започна да се одржува вчера, а ќе трае до 14 декември.
Бујукустун е мајка на 12-годишни близначки.