Почетна » Новости » Мода » Софистицираност на врвно ниво: Најновите часовници OMEGA ги маѓепсуваат и најпребирливите

Софистицираност на врвно ниво: Најновите часовници OMEGA ги маѓепсуваат и најпребирливите

Кога OMEGA ги презентира најновите модели, љубителите на квалитетни часовници, изработени до перфекција, нетрпеливо ококоруваат очи.

Ексклузивни дизајни, материјали и надградби ја карактеризираат колекцијата 2021. „Продолжуваме да ја раскажуваме приказната за нашето богато наследство, кое е надополнето низ призмата на модерната иновација и пионерската технологија. Нашите часовничари навистина ги поместуваат стандардите на брилијантноста, за да им ги дадат на потрошувачите најинспиративните часовници“ – најавува Рејнолд Ешлиман, Претседател и CEO на OMEGA.

Па, што сè вклучува новата колекција?

Constellation Small Seconds

Constellation е симбол на OMEGA за убавина и прецизност. Иконскиот изглед кој го знаеме денес за првпат беше претставен во 1982 година и оттогаш достигна статус на еден од најпрепознатливите дизајни на часовници.

Годинава, OMEGA ја надополнува понудата со нови Small Seconds модели, засилени со екстра дијаманти и бројни уникатни детали.

Оmega 2021 Оmega 2021 Оmega 2021

Seamaster Aqua Terra

Рубини и дијаманти блескаат од моделите за 2021. Зад елегантните стрелки погледот го шармира интересна брановидна текстура која ја имитира површината на океанот.

Оmega 2021 Оmega 2021

Seamaster 300

За првпат креиран од OMEGA во 1957 година, Seamaster 300 е претставник на еден од најпознатите часовници во „подводната историја“. Обожаван од генерации на нуркачи, тој остана иконско парче повеќе од 60 години.

Најновата колекција ќе донесе потенки модели од претходните верзии, благодарение на новото сафирно стакло, а тие ќе придобијат и винтиџ елементи и надградба на Master Chronometer.

Новата Seamaster 300 колекција ќе вклучува и 41-милиметарски модел изработен од ексклузивното Бронза Злато на OMEGA, што претставува уникатна легура.

Оmega 2021 Оmega 2021

De Ville Trésor Prestige Power Reserve

Атрактивниот De Ville Trésor ја дочекува својата следна селекција на џентлменски модели за 2021. Препознатливата линија е најдобриот избор кога преференцијата е едноставност и рафинираност.

Обожавателите на класичниот стил нема да можат да го оттргнат погледот од прецизниот хронометар со логичен дизајн.

Оmega 2021 Оmega 2021

Seamaster Diver 300M Black Black

OMEGA преминува на мрачната страна со модел во најцрната црна боја. Користејќи ја разновидноста на керамиката, популарниот бренд креираше часовник во контрастни нијанси од една иста боја.

Освен што е толку многу пријатен за око, Diver 300M Black Black е толку лесен за „читање“, дури и во темница.

Оmega 2021 Оmega 2021

Часовниците OMEGA можете да ги пронајдете во продажните места на Божиновски часовници и накит: https://bozinovski.com.mk/shops

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.