Макс Александер е надежта и иднината на модната индустрија. 8-годишното момче стана моден дизајнер и одржа своја ревија, а со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Младиот креатор со своите дизајнерски дела се претстави на модната недела во Денвер и со тоа си заслужи место во Гинис како Најмлад дизајнер кој има одржано модна ревија.
„Сонувај големи соништа дури и ако си мал“ - вели тој.
@couture.to.the.max Max Alexander makes history in the fashion industry and around the world, as the Guinness World Record holder for Youngest Runway Fashion Designer! Designing, sewing and selling his work since the young age of 4, Max held his first runway show at age 5, to an audience of 100 family and friends. In 2023 at age 7, Max headlined @Denver Fashion Week , dazzling the audiences with his designs for Couture Night, and making him the youngest runway designer in the world! Thank you @303 Magazine and the entire Denver Fashion Week team for inviting Max to your runway! Big congratulations to Max. And remember “Dream BIG. Even if you’re small.” ~ Max Alexand #runwayfashion #guinessworldrecords #fashionweek #fashionkids ♬ original sound .fan.651 - asiarya69
Макс Александер започнал да креира облека уште од 4-годишна возраст, кога ја замолил мајка си да му обезбеди кукла на која ќе може да ги крои своите дела.
Тој досега има сошиено над 100 креации и има направено облека за Шерон Стоун и Дебра Месинг. Него го следат над 3 милиони корисници на Instagram.
Макс Александер можеби е единственото дете кое посетата на Дизниленд би ја заменило со посета на продавница за текстил. „Го имам прашано и претходно: ‘Дали сакаш да одиме во Дизниленд? Треба да одиме’, а тој ми вели: ‘Може ли да одиме во Mood наместо тоа’“ – изјавила неговата мајка, објаснувајќи дека Mood Fabrics било „неговото најсреќно место на Земјата“.
Креативното момче го имаше и своето прво претставување на Њујоршката недела на модата.
@couture.to.the.max Max’s new designs debuted this week at #nyfw hank you to all of you who came out to support Max and to the Conrad NY Downtown for hosting this amazing event! #newyorkfashionweek #maxalexander #fashionweek #fashion ♬ original sound - Max Alexander
Сонот на Макс е еден ден да застане на чело на модната куќа Гучи или да има свое ателје. Тој се надева дека до 10 или 12-годишна возраст ќе успее да одржи и своја ревија во рамките на Њујоршката недела на модата.
„Многу сум среќен и возбуден кога гледам модни ревии“ – вели тој.
@couture.to.the.max Max learned to sew at age 4. But no one has ever taught him to design.t has been a lot of trial and error and passion. We Recently saw a video of @Zac Posen working and could not get over the similarities. They both seem really guided by the material. Zac for mentor 2024?? #dressmaking #dressmaker #draping #sewistsoftiktok #fashioninspo ♬
@couture.to.the.max Thank you to fashion icon @Sharon Stone for supporting Max! His current dream is to make @Taylor Swift a dress!Can we please all tag her and try to make it come true for this tiny fashion design️ #teammax #taylorswift #sharonstone #fashionicon #winterfashion ♬ A Kind Of Magic (as made famous by Queen) - John Bulsara