Летиција непрекинато добива позитивни критики за модните одлуки. Шпанската кралица одушевува и со комбинации од врвни дизајнери, но и со стајлинзи кои обединуваат попристапни парчиња.
На денешниот состанок на „Фондацијата за помош против зависноста од дрога“ во Мадрид, Летиција се појави во фантастично деловно издание со црни панталони, бела кошула и црно сако Zara во милитаристички стил.



Сакото е од мината колекција на Zara и веќе не е во продажба, а цената му беше приближно 45 евра.










