Почетна » Новости » Мода » Сергеј Варошлија за новата кампања на Chapter03: „Kолку добро избран накит може да направи да заблескате, толку лош накит може да ве ‘упропасти’“

Сергеј Варошлија за новата кампања на Chapter03: „Kолку добро избран накит може да направи да заблескате, толку лош накит може да ве ‘упропасти’“

Стилски неприкосновен, екстравагантен, брутално искрен и креативно неисцрпен... Сергеј Варошлија секогаш умее да го зграпчи вниманието. А моментално, влече погледи кон блескавиот накит од Chapter03 преку забавна модна кампања.

Видеото, за една „љубовна афера“ во чија позадина се слушаат македонскиот хит „Мачка со девет животи“ на Маја Гроздановска и незаборавната „Girl Panic!“ на Duran Duran, веќе засилено се распространува на социјалните мрежи.

Видео

Варошлија во свој стил ги презентира најновите парчиња од италијанските брендови Rebecca, Rue Des Mille, Rosato и Valentina Ferragni. Коментирајќи го креативниот аспект на кампањата, тој вели:

„За што и да работам, инспирацијата секогаш ја барам во себе и во сегменти од мојот живот! Крајно инспиративна ми е поп културата од 80-90тите. Тогаш модата и музиката беа револуционерни и храбри во секој поглед. Музиката игра голем дел во она што го работам, заради тоа што го отсликува расположението и атмосферата што сакам да ја доловам. А како што повеќето знаат, накитот е една од моите големи пасии (и никогаш доволно од него).

Накитот не е само обичен аксесоар, туку е репрезент на еден лајфстајл. Буквално тој лајфстајл сакам да го доловам низ визуелни предизвикувачки, екстравагантни и храбри фото и видео записи. Заради тоа сѐ што опишав е дел од мене, а јас сум секогаш свој.

И моја искрена препорака за накит: Бидете храбри и носете го со самодоверба. Бидејќи совршено парче накит буквално ќе ви го разубави денот! Дури и ако после снимање останете со заглавен прстен на прст, важно е да е прстенот совршен :)“

Сергеј Варошлија за Chapter 03 Сергеј Варошлија за Chapter 03

Брендовите од најновата кампања за Chapter03 се моќната Rebecca и нејзината врвна „Коктел“ колекција инспирирана од 20-тите, романтичниот Rue Des Mille и микс на парчиња од италијанските брендови Rosato и Valentina Ferragni.

Популарниот стилист, кој милува да негува црно-бела естетика, потенцира дека накитот има „make or break“ моќ кога е во прашање аутфитот:

„Во денешната масовна консумација на сѐ и сешто, накитот во суштина е една од подобрите инвестиции што може да ги направите за самите себе. Не би бил јас свој доколку не кажам… колку добро одбрано парче накит може да направи да заблескате, толку лошо парче накит може да ве ‘упропасти’ и унакази. Бирајте накит внимателно и со ‘вкус’!“

Сергеј Варошлија за Chapter 03 Сергеј Варошлија за Chapter 03

Италијанскиот накит на Chapter 03 можете да го пронајдете во продажните места во „Ист Гејт“, „Рамстор“ и „Скопје Сити Мол“. Дознајте повеќе:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.