Селена Гомез изгледаше шармантно на синоќешната гала во Музејот на американската Академија на науките и уметностите во Лос Анџелес.
31-годишната пејачка и актерка ги забрза прстите на фоторепортерите кога на црвениот тепих зачекори во црна припиена креација со сребрени цветови од модната куќа Valentino. Стилистката Ерин Велш во стајлингот на Гомез додаде обетки од луксузниот бренд за накит Tiffany and Co. и сандали од Tamara Mellon.
Селена позираше и со Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц.
Целта на галата била собирање средства за изложби во Музејот.