Потребна ви е инспирација како да ја комбинирате облеката од вашиот плакар оваа студена сезона?
Побарајте ја на блогот „Mumu And Macaroons“ на Кејти Херел. Популарната блогерка постојано објавува секојдневни модни комбинации за шик и урбан изглед.
Кејти го основаше својот блог во февруари минатата година, а веќе има создадено мрежа од повеќе од 300 илјади обожаватели.
„Ја обожавам модата. Опседната сум со облеката цел живот, од мало дете“ – вели таа.
Најдобриот совет кој таа го има за своите фанови е: „Животот е прекраток за да бидете несреќни. Ако има нешто кое ви буди страст, морате да се стремите кон него“.