Зендаја знае како да привлече внимание и секогаш се вбројува меѓу најдобро облечените ѕвезди на свеченостите. Доделувањето на Gotham Awards не беше исклучок.
На црвениот тепих во Њујорк, 28-годишната актерка беше магнет за погледи облечена во бела креација до Луј Витон направена специјално за неа. Својот изглед, ѕвездата од „Challengers“ го надополни со накит од Булгари.
no one has ever princessed as hard as zendaya princesses pic.twitter.com/tSO2ldxvZ7
— court (@hotgirltayruss) December 3, 2024
Зендаја беше почестена со наградата „Spotlight Tribute“ која се доделува како признание за феноменалниот труд на индивидуи во филмот и телевизијата кои ја воодушевиле светската публика. Младата филмска ѕвезда беше наградена за улогата на тенисерката Таши Данкан во „Challengers“, а наградата ѝ ја посвети на мајка си.