Модерна естетика, 100% италијанско производство, софистицирани дизајни кои би ја освоиле секоја современа дама... Накитот Rebecca пристигна во Македонија.
Со отмена свеченост во срцето на Скопје и во присуство на бројни јавни личности, синоќа беше одбележано отворањето на првиот ексклузивен продажен салон на италијанскиот бренд во нашата држава.
На големото отворање присуствуваше и главната „виновничка“ за името на брендот, Италијанката Ребека Тести, чиј татко Алесандро ги постави темелите на модниот феномен кој сега го освојува светот. Во својот говор, таа ѝ се заблагодари на Ива Милошевска, која е најзаслужна за отворањето на продажниот салон кај нас.
“
„Не станува збор само за поставување на ново знаменце на одредено место или град. Понекогаш најважни се луѓето и не се работи за пронаоѓање на најдоброто место, туку на најдобрите луѓе, најдобрите партнери.
Сакам да ѝ се заблагодарам на Ива и нејзиното семејство, затоа што верувам дека најдовме многу, многу добар партнер, најдобриот партнер. Ти посакувам среќа.“
Каролина Гочева, како протагонистка во првата македонска кампања на Rebecca, со задоволство гостуваше на свеченоста. Македонската музичка ѕвезда избра црн урбан стајлинг.
Италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео, кој заедно со сопругата Антонела присуствуваше на настанот, испрати искрена порака за успех и благодарност за проширувањето на бизнис партнерствата помеѓу Македонија и Италија.
Меѓу гостите беа и амбасадорот Џес Бејли со сопругата Кејпи Полк Бејли, стилистот Александар Билјановски – Дадар, пејачот Брејк со сопругата Драгана Клопчевска и кошаркарот Перо Антиќ.
Видео
Елегантно уредениот простор во Рамстор го истакнува шармот на накитот и му дозволува да блесне во полн сјај.