Ријана остави силен впечаток на доделувањето на наградите на NAACP (National Association for the Advancement of Colored People).
32-годишната пејачка изгледаше екстравагантно во волуменозен фустан од високата мода на Живанши.
За време на манифестацијата, таа доби награда за нејзината филантропска работа со Фондацијата „Клара Лајонел“, која ја создаде во чест на баба ѝ и дедо ѝ.
„Ако научив нешто, тоа е дека само заедно можеме да го поправиме светот. Не можеме да го направиме тоа ако сме поделени“ – рече Ријана во својот говор.