На прагот на новата сезона на венчавки, Ателје Антонија Ристовска со големо задоволство ја претстави најновата колекција венчаници за 2024, насловена „Рапсодија на љубовта”.
Креирана е со големо внимание, посветеност и има вткаена љубов во секое парче, во секој детаљ, во секој цвет.
Инспирација е Таа - единствена и волшебна, силна и непоколеблива. Секогаш посебна и на пиедестал. Таа, со срце полно љубов и топлина, убава и разнолика како цвеќето во природата. Цвеќето ја разубавува природата, таа го разубавува своето опкружување и го прави светот поубав.
Моделите во колекцијата изобилуваат со раскошни везови со кристали и бисери и внимателно рачно изработени 3Д цветови. Кроевите го обвиткуваат телото и ја следат женската силуета, создавајќи гламурозен изглед со скулптурална убавина.
Во колекцијата ќе се пронајдат девојки кои ја негуваат својата индивидуаност и автентичност, кои сакаат да бидата запаметени по својата посебност.
Колекцијата е достапна за продажба во Ателје Антонија Ристовска во Скопје.