Почетна » Новости » Мода » За модерни невести: Нова колекција венчаници од македонската дизајнерка Антонија Ристовска

За модерни невести: Нова колекција венчаници од македонската дизајнерка Антонија Ристовска

Антонија Ристовска откри на што се работеше во изминатиот период во нејзиното ателје.

Македонската дизајнерка преку фотосесија ги претстави венчаниците од најновата невестинска колекција насловена „INFINITY Bride – 2020“.

„Во бесконечната игра на љубовта, во бесконечната потрага по непознатото и среќата, младата девојка го слави бесконечниот извор на животот. Младата девојка е алката во низата на бесконечноста наречена живот. Девојка која е самосвесна, нежна, суптилна, духовита, со свој став и слободен дух. Токму тоа е инспирацијата за најновата колекција насловена ‘INFINITY Bride – 2020’“ – вели Ристовска.

Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска

Следејќи го својот препознатлив стил на изразување, дизјнерката Ристовска во новата колекција венчаници повторно ја нагласува суптилно женската силуета. Забележлива е доминацијата на некласични тантели со геометриски форми, кои во својата основа го имаат светлукавиот ефект и богатите текстури. Овој пат доминира белата боја како симбол на светлост, чистота, раскош, симбол на совршенството.

Бесконечната игра на комбинирање на различни видови тантели и текстури ја прават секоја креација единствена и посебна. Креациите се збогатени со 3D техники на аплицирање на кристали, мониста и бисери.

Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска Невестински фустани од Антонија Ристовска

Фотографиите ги потпишува фотографското дуо Ани и Дими, модели се Сара Ваневска и Викторија Филипоска, за шминката се погрижи Зоран Шурбевски, а за фризурите Адо Мурис Хамзиќ – HairDo.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.