Со новата кампања, Mango раскажува приказна за уникатноста, обединувајќи ги дамите од секоја возраст. Лица на возраст од 20 до 63 години ги презентираат новите модни парчиња на шпанскиот бренд.
Фотографот Анџело Пенета застана зад објективот на неколку локации во Калифорнија и ги создаде рекламните фотографии.
„Ова е приказна за луѓето како мене, како тебе, луѓето како нас. Луѓе кои се прифаќаат себеси, своите таленти, страсти, предности и недостатоци. Кои го прифаќаат тоа што ги прави различни и специјални. Бидејќи сите ние имаме свои животни искуства, патишта на кои патуваме и цели. Бидејќи сите ние сме уникатни. Ова е приказна за уникатноста“ – стои на официјалниот сајт на Mango.
„Лин Слејтер, универзитетски професор по право, го започна својот моден блог со желба да допре до жените кои живеат, како што вели таа, „интересни, но обични животи““ – пишува на сајтот на познатиот бренд за Лин, која стои зад блогот „Accidental Icon“.
„Бумика Арора не е типичен модел. Потекнува од Карнал, конзервативен град лоциран во северна Индија, и се има соочено со многу препреки обидувајќи се да го оствари својот сон да успее во модната индустрија“ – велат од брендот за Арора.