Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска моментално се во дводневна официјална посета на Словенија.
56-годишниот македонски претседател и неговата сопруга беа дочекани со високи државни и воени почести од страна на словенечкиот претседател Борут Пахор и неговата партнерка Тања Печар.
За оваа пригода, македонската прва дама избра елегантна розова креација со цветови во долниот дел.
Пендаровски и Пахор ги потврдија традиционално блиските односи и високиот степен на разбирање и доверба меѓу двете држави. На средбата, беше истакната поддршката од Словенија во процесите на нашата интеграција во НАТО и во Европската унија.