Андријана Јаневска уживаше на патување во Италија. Македонската пејачка го посети карневалот во Венеција, познат по уникатните и впечатливи маски и костими.
Талентираната музичарка беше во друштво на своите две деца Димитар и Кристијан и сопругот Драган Гиновски – Гино.
Јаневска и нејзините најмили се возеа на гондола, го разгледуваа градот и им се воодушевуваа на прекрасните маски кои ги красеа венецијанските улици.












