Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Заводник и на чекор до шестата деценија: Дејвид Бекам ги покажа тонираните мускули во едиторијал

Заводник и на чекор до шестата деценија: Дејвид Бекам ги покажа тонираните мускули во едиторијал

Дејвид Бекам сними фотосесија за Men’s Health и заведува како првата глобална ѕвезда која е на сите насловни страници на списанието.

49-годишниот поранешен фудбалер, кој ѝ е сопруг на Викторија Бекам, го разголи своето тело и ги покажа тонираните мускули на стомакот и грбот. Во видео за списанието тој покажа дел од вежбите кои ги прави за да биде во топ форма, а во интервјуто зборуваше за тренинзите со Викторија, наближувањето до 50-тата година од животот, за исхраната и за начините на кои се ослободува од стресот.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Дејвид сподели дека честопати се соочува со болки во грбот и дека за нив многу му помагаат тренинзите со тежина за горниот дел од телото.

Во 5-6 дена од неделата, Дејвид тренира со својот тренер Боб и со Викторија.

„Таа не е многу добра во слушањето на инструкциите на Боб. Мислам, таа е добар слушател, но подоцна си го прави она што го наумила. Не знае да одмара. Ако тој ѝ даде 90 секунди одмор, таа ќе биде подготвена за вежбање по 25 секунди. Но, кога е сè добро во теретаната и двајцата сме во добро расположение, не може да биде подобро од тоа“ – рекол Дејвид.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Запрашан дали е загрижен што наскоро ќе наполни 50 години, тој рекол:

„Воопшто не ми пречи. Луѓето ме прашуваат за ова нежно, како да е некој голем проблем. Тоа не е нешто што ме загрижува – сè додека сум фит и здрав и моето семејство е здраво, само за тоа се грижам. За мојот 50-ти роденден, сакам едноставност. Сакам добра храна, добро вино и тоа е тоа. Сите мои најблиски пријатели“.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Дејвид и Викторија заедно имаат четири деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.