Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и нивниот син Огнен го дадоа својот глас на предвремените парламентарни избори.
48-годишната македонска прва дама изгледаше прекрасно во фустан во циклама нијанса. Својот стајлинг, Елизабета го комплетираше со кафеави чантичка и салонки.
Ѓорѓиевска беше дел од избирачки одбор за гласање на лица болни од КОВИД-19 и граѓани кои се во самоизолација. Таа беше избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.
И во услови на пандемија, луѓето засегнати од неа треба да го остварат своето право на глас.
— EGjorgievska (@BetiGj) July 13, 2020
Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионална должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот ИО за лица во самоизолација/болни од #COVID19. pic.twitter.com/ZRJwmJkCDD