Почетна » Новости » Мода » Памела Андерсон во отмена креација со минимална шминка на премиерата на својот нов филм

Памела Андерсон во отмена креација со минимална шминка на премиерата на својот нов филм

Во изминативе години, Памела Андерсон е посветена на рушење на стандардите за убавина и се залага за поприроден изглед.

Поранешната секс бомба со минимална шминка се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан. На премиерата на нејзиниот најнов филм „The Last Showgirl“, 57-годишната актерка мамеше погледи во отмена розова креација. Памела ги истакна усните со кармин во црвена нијанса, но на останатиот дел од лицето имаше многу малку шминка.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Претходно, таа присуствуваше на настан за новинарите во цветен фустан без шминка на лицето.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Во интервју во август, Памела зборуваше за напуштањето на имиџот на секс бомба и за појавувањето без шминка на Париската модна недела минатата година.

„Тоа беше почетокот на напуштањето на сликата која отсекогаш ја имав за себе. Каков е овој лик како од цртаните филмови кој го создадов за себе? ОК, тоа беше забавно. Но, не сум таа личност повеќе.“

„За време на Париската модна недела се случи тоа будалесто нешто. Си реков: ‘Нема да седам на столот за шминкање три часа, ќе одам во Лувр’. Потоа си помислив: ‘Со кого се натпреварувам?’“ – рекла таа.

Запрашана која е нејзината тајна за убавината, минатата година таа одговорила:

„Деновиве: ‘Не прави ништо’. Разбуди се. Што и да се случува, нека се случува. Тука станува збор за самоприфаќање. Моментално сум во тоа поглавје од мојот живот. Понекогаш тоа е голем предизвик. Мора да сфатиш дека си доволно добра, дека си убава. Да се брка младоста е бескорисно. Никогаш нема да ја стигнеме, па зошто да не ја прифатиме реалноста? Откако зачекорив низ вратата изгледајќи како себеси, почувствував огромно олеснување. Се чувствувам подобро. Сега се облекувам за мене, не за сите останати“.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.