Британското кралско семејство ги сподели официјалните фотографии од свадбата на принцезата Јуџини и Џек Бруксбанк.
На две од фотографиите, младенците позираат со своите најблиски роднини и најмалите гости кои ја придружуваа невестата додека чекореше кон олтарот.
Една од фотографиите ја открива втората венчаница, со која Јуџини се откажа од традиционалната бела боја. Фустанот во бледо розова нијанса е дело на популарниот дизајнер Зак Позен.
За време на црковната церемонија, 28-годишната внука на кралицата Елизабета носеше бел невестински фустан од Питер Пилото и Кристофер Де Вос, кој беше дизајниран со идејата да не ѝ ги покрива лузните од операцијата на грбот која таа ја имала на 12-годишна возраст поради сколиоза.
Свадбената торта, како и декорациите пред катедралата „Сент Џорџ“ беа со украсени со есенски лисја и цветови во есенски нијанси.
Погледнете повеќе фотографии од свадбата за која вестите одекнаа на сите страни на светот: