Нова британска кралска свадба го привлече вниманието на светската јавност. Принцезата Јуџини стапи во брак со Џек Бруксбанк.
28-годишната внука на кралицата Елизабета II пристигна во катедралата „Сент Џорџ“ во винтиџ Ролс Ројс заедно со нејзиниот татко.
Среќната невеста носеше кралски невестински фустан од Питер Пилото и Кристофер Де Вос. Венчаницата беше дизајнирана со идејата да не ги покрива лузните на Јуџини од операцијата на грбот која таа ја имала на 12-годишна возраст поради сколиоза.
Пред венчавката таа намекна дека нема да ги крие лузните: „Ми правеа операција на грбот кога имав 12 години и тоа ќе го видите в петок. Тоа е убав начин да им оддадам чест на луѓето кои се грижеа за мене и начин да ги претставувам младите луѓе кои поминуваат низ истото. Сметам дека можеш да ја промениш убавината и дека можеш да им ги покажеш на луѓето твоите лузни и мислам дека е навистина специјално што стојам зад тоа“ - рече таа.
„Децата можат да ме гледаат сега и да знаат дека операцијата успева. Јас сум жив доказ како болницата ги менува животите на луѓето“ - изјави во друга прилика Јуџини, која е покровител на Кралската национална ортопедска болница.
Тијарата „Greville Emerald Kokoshnik“, која е украсена со дијаманти и смарагди, ѝ е позајмена на Јуџинии од самата кралица.
Princess Eugenie arrives at St George's Chapel, Windsor for her wedding to Jack Brooksbank #RoyalWedding
— BBC News (UK) (@BBCNews) October 12, 2018
For live coverage - https://t.co/lYai4kT6hU pic.twitter.com/srr4ef9zcb
Јуџини е ќерка на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.