Џенифер Лопез неуморно продолжува да го промовира својот нов филм „Second Act“, итајки од премира на премира, од емисија на емисија.
За секое свое појавување, 49-годишната актерка и пејачка се потруди да изгледа модерно и шик.
На забавата по њујоршката премиера, атрактивната ѕвезда блесна во бел фустан кој ги истакнуваше нејзините облини. Креацијата со висок шлиц, таа ја искомбинира со крзнена бунда и обувки од Кристијан Лобутин.
Додека се упатуваше во студиото на „The View“, Џеј Ло изгледаше атрактивно во бела комбинација од Стефан Ролан и крзнено палто.
Сребрено-синиот стајлинг за нејзиното гостување во „Good Morning America“ се состоеше од панталони и блуза од Сали Лапонте, чанта Валентино и сандали Џими Чу.
Модниот спринт на Лопез продолжува со комбинација во која црнобелата наметка е дело на модната куќа Валентино, чизмите се со потпис на Кристијан Лобутин, чантата доаѓа од Ермес, а очилата за сонце се Шанел.
На настан за обожавателите, Џенифер се појави во карирани кошула и здолниште и црни палто, чантичка, ракавици и салонки.