Модно дружење, во друштво на истакнати имиња од модната индустрија, но и бројни претставнички и претставници на бизнис-секторот, Chapter03 пригодно ги представи своите нови колекции, комплетирајќи ги креациите на брендовите „MNML“ и „Nana Attire“, и здружението „Гласен текстилец“ во рамки на првото издание на „Shtip Fashion Days“.
Добропознатата Rebecca, доминираше на сцената со впечатливиот самоуверен израз на колекцијата Stockholm, изработена од бронза и 24-каратна позлата со кристали и одржлив полимер, која ја претставува вистинската ДНК на брендот.
Колекцијата DIVA пак, ги покори стереотипите на модните жанрови, со парчиња накит кои совршено се вклопуваат и во елегантен и во секојдневен стил.
Култната колекција Galactica од италијанскиот бренд Rue Des Mille, повторно крадеше воздишки низ безвременскиот шарм на своите бисери и кристали.
Непокорливите UALI обетки на Valentina Ferragni, блеснаа во истиот сјај како и на црвените теписи на познатите модни европски недели и филмски фестивали.
Асортиманот на Chapter 03 вклучува италијански накит наменет за дами кои се своевидни стилски икони, со уникатен вкус во модата, нагласена самодоверба, индивидуалност и посебна експресија на стилот!
Фото: Филип Вирановски, Александар Ефремов