Почетна » Новости » Мода » „На луѓето сè уште не им е нормално да гледаат модели како мене“: 18-годишна девојка со Даунов синдром во фотосесија за Glamour

„На луѓето сè уште не им е нормално да гледаат модели како мене“: 18-годишна девојка со Даунов синдром во фотосесија за Glamour

Ели Голдстејн е ѕвездата на дигиталното издание на Glamour UK, посветено на новите лица кои менуваат модниот свет, докажувајќи дека „модата е за секого“.

Ели Голдстејн

18-годишната девојка во јули сними кампања за Гучи и стана првиот модел со Даунов синдром кој соработувал со светски познат моден бренд. Сега, Ели е и првиот модел кој се појавил на страниците на Glamour. Фотографиите од неа се реални и не се обработувани.

„Претпочитам да бидам колку што е можно поприродна, без филтри и Фотошоп, и да ја покажам мојата вистинска убавина. Луѓето треба да го видат мојот карактер, а не мојот хендикеп“ – вели таа.

Ели Голдстејн Ели Голдстејн Ели Голдстејн

Целта на Голдстејн е да ја промени перцепцијата кај луѓето за убавината и да ја направи модната индустрија поинклузивна.

„Промената која сакам да ја видам е другите брендови да започнат да користат модели со хендикеп, без разлика дали тој е видлив или не. Секој заслужува шанса да го постигне она што го сака. Мојата страст отсекогаш била да бидам модел, актерка и да бидам славна.“

„Ја искористив модата за да ја рефлектирам мојата приказна на начин кој го покажува мојот карактер. Ја обожавам модата, шминката и средениот изглед. Најчесто се облекувам во силни бои, розово и виолетови нијанси, бидејќи тие го покажуваат мојот карактер, а и сакам да бидам модерна.“

„Диверзитетот е многу важен. Ситуацијата се подобрува со ангажирањето на модели со хендикеп, но мислам дека сè уште сме далеку од тоа на луѓето да им е нормално да гледаат модели како мене“ – вели таа.

Ели потпиша договор со агенцијата за модели Zebedee Management пред три години.

Октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.