Кога станува збор за стилот, Сара Џесика Паркер честопати е споредувана со модната икона Кери Бредшо, која ја глумеше во хит-серијата „Сексот и градот“.
За време на викендот, 55-годишната актерка беше фотографирана во Њујорк, а нејзиниот моден избор наиде на поделени мислења кај критичарите и нејзините фанови.
Експерименталниот стајлинг вклучува цветен фустан над карирана кошула, розови чорапи од Гучи, црвени салонки од нејзиниот бренд, палто во кафеава нијанса и спортски ранец.
Додека едни го поддржуваат смелиот изглед, други коментираат дека аутфитот е склопен без вкус.
Паркер асистираше во нејзиниот бутик за обувки, каде што редовно комуницира со клиентките и им дава шопинг совети.