Модерна мајка секојдневно споделува фотографии од своите стајлинзи на Instagram и инспирира многу жени да се стремат кон дамски изглед.
Хана Стрејфорд-Тејлор е огромна обожавателка на долгите фустани, висечките обетки и очилата за сонце во форма на срце, која го гради својот стил околу конфорот. 38-годишната Англичанка од Лондон е мајка на две ќерки зачнати со инвитро. Таа отворено зборува за вонтелесното оплодување, покажувајќи им на луѓето дека тоа не треба да биде табу тема.
Хана секогаш ги облекува модерно своите две ќерки Солејл и Винтер, кои редовно ги развеселуваат нејзините фотографии.