Меган Маркл пристигна во Германија, каде му се придружи на принцот Хари на „Invictus Games“, меѓународен спортски настан, посветен на повредени или болни воени лица и ветерани.
Во Диселдорф, 42-годишната Војвотка од Сасекс изгледаше модерно во црн миди кошула-фустан од Banana Republic. Во својот стајлинг, таа додаде и црни салонки од Aquazarra и колан од Bottega Veneta.
Во својот говор, Меган ја искажа својата поддршка за ветераните и објасни дека ги пропуштила првите денови од хепенингот поради училишните обврски на синчето Арчи.
„Со нетрпение чекаме да ги донесеме нашите деца за да можат и тие да искусат колку е ова неверојатно“ – рече таа.
Принцот Хари ги основаше игрите „Invictus“ во 2014 година.