Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја продолжуваат турнејата низ Шкотска.
Кралскиот пар организираше „драјв ин“ кино каде се прикажуваше дизниевиот филм „Cruella“. Настанот беше посветен на здравствените работници и нивната неуморна работа за време на пандемијата.
39-годишната војвотка и 38-годишниот принц пристигнаа во возило кое му припаѓало на дедото на Вилијам – покојниот принц Филип.
За оваа пригода, Кетрин носеше модерно карирано палто од Holland Cooper и темнозелени обувки.